Американскиот актер и комичар Бил Козби (81) во понеделникот на 24 септември ќе се појави пред судот во Пенсилванија, за да му биде изречена казната за сексуален напад.
Козби беше прогласен за виновен на 26 април по сите обвинителни точки. Би можел да добие и максимална казна од 30 години затвор затоа што ја дрогирал и сексуално нападнал Андреа Констанд во 2004 година.
Обвинителите ќе бараат актерот веднаш да биде спроведен во затвор. Козби е веќе во деветтата деценија од животот и има нарушено здравје, а неговите адвокати ќе бараат комичарот да биде сместен во домашен притвор се до исходот на можната жалба на пресуда.
Били, кој познат и како „Американскиот татко“, поради неговата улога во популарната серија „Козби Шоу“, рочиштето на кое ќе му биде изречена казната ќе започне во понеделник, но истото може да трае и два дена.
Американската академија на филмски уметности во мај оваа година го исфрли Козби и оскаровскиот режисер Роман Полански, поради тоа што го прекршиле кодексот на однесување на академијата, додека моќниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е исфрлен во октомври минатата година.