Сестрата на Мејли Сајрус ги продава солзите, една капка 1000 долари

Ноа Сајрус (18) позната како помладата сестра на пејачката Мejли Сајрус (25) одлучила да ја искористи нејзината популарност и од неодамна почнала со продажба на своите солзи во тубички.

Солзите не се од злато, но и покрај тоа Сајрус ги продава по вртоглава цена. Обожавателите кои ги сакаат во нивната колекија покрај маичките, тренерките и шаловите, ќе мора да платат 12.000 долари. Толку чинат 12 солзи кои Ноа ги исплакала како резултат на некоја приказна или настан кои ја натажиле. Не се препорачува да се пијат, затоа што се прилично солени, а би било чудно и да пиете туѓи солзи, пишува во описот на производот под името Noa tears.

„Со оглед на тоа дека во една тубичка се наоѓаат дванаесет солзи, цената на една изнесува илјада американски долари. За жал не може да се купат на парче, пишува во производот.

„Што се нема луѓето да измислат за да заработат? Дури и можам да ја разберам личноста која тоа го продава, но не можам да ги разберам луѓето кои купуваат вакво нешто“, се дел од коментарите на обожавателите.

 

 

 

View this post on Instagram

 

my debut EP #GoodCry comes out in one weeeeeekkkkkk. i am so beyond excited for you guys to hear this 🖤

A post shared by NC (@noahcyrus) on

Scroll to Top