Министерството за здравство на Србија, предложи засилени мерки за надѕор на граничните премини на Србија поради појавата на првите случаи со таканаречените мајмунски сипаници кои се појавија во земјите на западна Европа.
Мајмунските сипаници или „манкипокс“ е вирусно заболување кое е многу слично со големите сипаници за кои не постои вакцини и од кои во Африка на секои десет лица во просек умира по еден човек.
Првите случаи на оваа исклучително ретка болест која воглавно се јавува во централна и западна Африка, ја потврдија и официјалните лица од Велика Британија, а висурот потекнува од заразените патници кои пристигнале во Европа од Нигерија. Преносителите на вирусот воглавно се мајмуни, но болеста може да премине и на луѓе, а ретки се случаите кога се пренесува од човек на човек.
„Вирусот се пренесува преку различни животински видови во Африка. Може да се пренесе и преку конзумирање на месо, а пренесувањето од човек на човек е многу ретко, речиси невозможно да се случи. Се случува за време на близок контакт со човек заболен од овој вирус. Министерството за здравје, институтот за јавно здравје, санитарните инспекции и другите здравствени установи и органи, ги спроведуваат сите неопходни мерки за надѕор и превенција за да ја спречат појавата на оваа болест во нашата земја“, соопштија од Министерството за здравје во Србија, кое формирало и посебна група за следење и контрола на заболените.