Познатата холивдска актерка Анџелина Џоли ја промени фризурата и тоа за потребите на снимањето на новиот филм „Come Away“ во Лос Анџелес. За новата улога, Анџелина целосно е трансформирана, наместо долга кафена коса има руса виткана перика која и дава постар изглед. Освен тоа, за што поверодостојно да го долови изгледот од 1900-тите години, кога и се одигрува филмот, носи гардероба од тоа време.