Главна состојка на црната лимонада е активниот јаглен. Тој нема вкус, но многу е здрав, бидејќи има способност да ги исфрли сите штетни состојки од телото и ја намалува подуеноста. За да ја направите црната лимонада ќе ви требаат 4 чаши филтрирана или флаширана вода, 1/4 шолја свеж сок од лимон и 1/4 лажици активен јаглен (една таблета). Измешајте ги сите состојки и ако имате желба за посилен вкус, додајте повеќе лимон. Пијалакот се пие ладен, наутро и пред спиење.
Овој пијалак, велат експертите, го намалува и холестеролот и маснотиите во крвта. Тој е одличен и за подмладување на кожата.