Холивудскиот актер Двејн Џонсон уште еднаш покажа дека е извонреден татко кога станува збор за исполнување на желбите на својата ќерка.
Џонсон вели дека не можел да излезе од својот дом за да оди на работа без претходно ќерка му да му ги излакира ноктите.
Популарниот „Рок“ (Карпата) викендов се пофали на социјалните мрежи со фотографија на која неговата ќерка Јасмин Лиаи (2) ги бои ноктите на неговите раце во црвено.
Џонсон вели дека не можел да одолее на погледот на нејзините сини очи и дека удоволувањето и исполнувањето на желбите на неговата ќерка му претставува приоритет во животот.
„Тоа е она што го прават најдобрите татковци. Им дозволуваат на ќерките да им ги излакираат ноктите и да ги нашминкаат“, напиша Џонсон на социјалните мрежи.
Актерот познат како „Рок“ и неговата партнерка во декември 2015 година ја добија ќерката Јасмин, а Џонсон има ќерка и од претходниот брак. Симон има 16 години.