Во страшна сообраќајна несреќа, која попладнево се случи на „Илинденска“ пред „Фонтаната“ во Градскиот парк, повредени се мајка и бебе. Повредените веднаш биле пренесени на Ургентниот центар во Скопје.
На фотографиите до кои дојде „Пресинг.мк“ се гледа автомобилот „сеат алтеа“, кој според сведоштвата на минувачите, движејќи се со голема брзина, удрил во семафорот. Од силината на ударот автомобилот со задниот дел се качил на бетонскиот ѕид од паркингот до булеварот.
Неофицијално, освен бебето и мајката, повредено е уште едно лице. Полициски екипи направија увид на местото на настанот.
Повеќе на „Пресинг.мк“
Фото/„Пресинг.мк“