Ноне раскина со колегата од бродот

Некогашната пејачка Ноне Неделковска кажа дека конечно е слободна. Оваа нејзина изјава сериозно ја сфатија нејзините фанови, кои веќе пишуваат дека таа раскинала со долгогодишното момче Рајан.

 

View this post on Instagram

 

Sometimes #angels sing to you in the #wind All you have to do is #listen

A post shared by Bonnie 🇲🇰 (@nona.bonnie) on

Ноне подолг период се забавуваше со Рајан со кого голем дел од времето го минуваше заедно на крузерот, каде што двајцата работеа.

Таа му го покажа и својот роден град Велес и го запозна со родителите. Ноне некое време нема споделено заедничка фотографија со Рајан, а фановите тврдат дека нивната романса завршила.

Ноне, која неодамна го прослави својот 32. роденден, на фотографиите што ги објави на социјалните мрежи, покрај тоа што е слободна, напиша и дека е мистериозна и дива девојка.

 

 

Scroll to Top