Холивудската ѕвезда Кристијан Бејл се здебели 20 кила за улогата во филмот „Потпретседател“ во кој ќе го глуми поранешниот американски потпретседател Дик Чејни. Гејл откри дека работел со нутриционист за да не му се наруши здравјето.
„Сфатив дека мора да го направам тоа на здрав начин. Сум губел килограми, сум ги качувал, но никогаш досега не сум соработувал со нутриционист. Првпат решив да го направам тоа како шо треба“, изјави 44-годишниот Бејл во првото интервју по снимањето на филмот.
Филмот е во режија на оскаровецот Адам Мекеј и ја раскажува приказната за еден од најмоќните американски потпретседатели. Сопругата на Чејни, Лин, ја игра Ејми Адамс.
Кристијан Белј е познат по своите огромни физички трансформации заради улоги. За филмот „Машинист“ тој ослабна околу 30 килограми па му се познаваа сите коски.
„