Светски познатите глумци Бен Афлек и Џенифер Гарнер минатиот викенд ги потпишаа документите за развод три години откако поднесоа барање за развод. Затоа што двојката долго време беше разделена без да се разведе, фановите на глумците се надеваа дека ќе се смират и такви коментари оставаа на социјалните мрежи. Бен и Џенифер почнаа врска во 2004 година, а 10 месеци подоцна се венчаа во присуство на најблиското семејство на Бахамите.
Актерите имаат три деца, 12-годишната Вајолет, 9-годишната Серафина и 2-годишниот син Семјуел.
Првпат медиумите пишуваа за проблеми во бракот на ѕвездите во 2013 година. Во 2015 година, по 10 години брак, Џенифер поднесе барање за развод, но изјави дека ќе продолжи да го поддржува Бен во неговата борба со зависноста од алкохол. Таа и пред неколку месеци го однесе во клиника за борба против алкохолизмот, иако тој е во врска со друга жена.