Светската ѕвезда Селена Гомез е однесена во психијатриска установа оти е емоционално нестабилна, пишува американскиот таблоид „Tи-ем-зи“. Тие пишуваат дека нејзината емоционална нестабилност е поврзана со венчавката на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер кој неодамна се венча со манекенката Хејли Болдвин.
Селена во болница завршила и пред околу две недели заради алармантно низок број бели крвни зрнца, предизвикани по трансплантацијата на бубрегот, ама по неколку дена е пуштена на домашно лекување, откриле извори блиски на пејачката. Откако проблемот се повторил, Селена повторно била хоспитализирана против своја волја, по што доживеала емотивна нестабилност и сосила ја префрлиле во психијатриска установа.
Кога првпат била одведена во болница, Селена на „Инстаграм“ објавила дека некое време ќе се повлече од социјалните мрежи, а пред да го направи тоа, преку лајв видео им одговарала на прашања на своите обожаватели, поврзани со нејзиното ментално здравје и депресијата.