„Невидливата“ суперјахта „Мираж“ наскоро би можела да се најде на отворено море. Ова го потврдија и произведувачите кои неодамна го открија на основата на која ќе биде изграден.
Моќното пловило на кој патниците ќе имаат впечаток дека пловат на облак, ќе биде долг 106 метри и ќе чини 200 милиони фунти.
Јахтата од 4200 тони ќе биде во целост покриена со посебни огледала, така што за непосакуваните набљудувачи, кои ќе се најдат на поголема оддалеченост од 50 метри, речиси ќе биде невидлива.
Сите пловила кои ќе се најдат во близина на оваа моќна суперјахта, преку радарскиот систем ќе означат дека се во близина, така што ќе има доволно време за маневрирање.
Од друга страна и радарскиот систем на оваа „невидлива“ јахта на време ќе ги предупреди капетаните на присуството на помалите пловила, така што на време ќе може да се реагира.
„Мираж“ е дизајнирана за сите клиенти со подлабок џеб кој ќе сакаат да уживаат на отворено море и притоа својата приватност во целост да ја задржат за себе. Со тоа, јахтата ќе има и хелидром, спа ценатар, кино и театар на отворено.
Со 29 членови на екипажот, ќе може да прими уште 14 патници.
За несекојдневниот дизајн кој на патниците ќе им овозможи да „исчезнат на хоризонтот“, задолжена е италијанска фирма за изградба на бродови Fincantieri и данската дизајнерска компанија Van Geest Designs.
Главниот дизајнер, Питер ван Гист, изјавил дека му биле потребни година дена за да го заврши дизајнот, при што најголем дел од времето го потрошил на истражување на рефлектирачките стакла и начинот на кој може истите да се произведат.
„Стаклото со кое ќе биде обложена јахтата, ќе го произведува германска компанија, а досега никогаш не е користено на некакви бродови“, истакнува дизајнерот.
Ван Гист не сакал да зборува за цената, но експертите проценуваат дека ќе изнесува околу 200 милиони фунти, што оваа јахта ќе ја смести во листата на 10 најскапи бродови во светот.