(Во живо) Ураганот Лесли удри во Европа

Ураганот Лесли ја погоди утрово Португалија со ветер со јачина од 176 километри на час. Ураганот зад себе остави искорнати дрва и стотина луѓе останаа без струја.

Ураганот кој надоаѓаше од Аталнскиот океан од 23 септември стана постропска бура кога утринава стигна до португалскиот брег. Црвениот аларм за узбуна беше прогласен во голем дел во Португалија.

„Во моментов се работи за постропска бура која веќе надоаѓа на крајниот северен дел на земјата, каде сеуште врне дожд. Очекуваме ситуацијата многу брзо да се врати под контрола“, изјави утринава претседателот на португалскиот метеоролошки институт Жорже Миранда за новинската агенција Луса.

Десетина илјади луѓе останаа без струја, а повеќе од десетина биле принудени да ги напуштат своите домови.

Најтешко се погодени областите околу Лисабон, Лерија и Коимбра во центарот, каде има најголем број на инциденти поврзани со откорнати стебла, оштетени кровови или помали поплави.

 

Во Шпанија метеоролошката служба Аемет предвудува дека областите Астуријас, Леон и Кантабрија, ќе бидат исто така погодени со силни дождови кои бурата ги донела на северот на земјата.

Шпанија неодамна беше погодена од силни дождови на Мајорка каде настрадаа 12 луѓе во поплавите во вторникот.

Португалските власти им препорачаа на жителите да се оддалечат од крајбрежните зони и да избегнуваат да излегуваат од куќите, предупредувајќи на ризик од поплави, свлечишта, паднати дрва и штета на електричната и телекомуникациската мрежа.

 

Исто така се предупредени и рибарите кои се наоѓаат на море, да се вратат во најблиските крајбрежни пристаништа, а португалската авиокомпанија ТАП откажа седум летови за слетување и полетување од Лисабон.

 

Scroll to Top