Иако списанието „Форбс 400“ овој месец ја прогласи за најмлада жена на листата на најбогати Американци, сепак животот не бил отсекогаш така мазен за Линзи Снајдер.
Оваа 36 годишна девојка, тешка повеќе од 3 милијарди долари, се има разведувано три пати, го изгубила татко и во 1999 година кога се има предозирано со лекови, а и самата вели дека се соочила со зависност.
Претседателката на управата и единствена наследничка на ланецот за брза храна In-N-Out, ја краси насловната страна „Форбс 400“ каде ги отвори страниците за своето мрачно минато, но откри и дека нема намера да го шири својот бизнис на источниот брег на САД.
Во моментов е омажена за четвртиот сопруг, Шон Елингсон. Линси вели дека подолгата листа со грешки за мажите, ја присилила да биде силна жена каква што се смета денес.
Нејзиниот прв брак траел три години, а се омажила за момчето од средно школо. Потоа во 2004 година се омажила за Ричард Мартинез со кого има две деца, но нивниот брак завршил во 2011 година.
До 2004 година веќе била зависна од алкохол и марихуана.
„Тоа беше црна фаза во мојот живот. До 22 години се беше веќе готово“, изјавила Линзи за „Форбс“.