Бурата Калум однела два животи и нанела голема материјална штета во некои подрачја на Велика Британија. Официјалните лица соопштиле дека еден човек загинал во одронот предизвикан од бурата која се случила во саботата во западен Велс, додека друг го изгубил животот во морето во Брајтон, на југот на Англија.
Ветриштата во петокот и саботата дувале со силина од преку 113 километри на час. Многу домови се поплавени, а дошло и до прекин на струјата во поплавените подрачја.
Метеоролозите навеле дека во текот на денешниот ден ќе има уште дожд, но дека во најпогодените подрачја ќе дојде до разведрување.