Јосип Броз Тито со посебен декрет од 1972 година го забрани емитувањето на новокомпонираната народна музика, сметајќи дека станува збор за кич и дека е штетен за младината, а поради тоа најмногу настрада Шабан Шаулиќ.
Со пристигнувањето во Белград, во време кога социјалистичка Југославија економски растела и напредувала на речиси сите полиња, тогаш младиот Шабан се издвоил со своите вокални квалитети. Веќе со првиот сингл „Дајте ми утеха“ од 1970 година, тој го сврте вниманието кон себе и стана препознатлив и баран, а наредните четири албуми само му ја зацврстија стабилната позиција на естрадата.
Тоа благосостојба во кариерата на Шабан не траела предолго. Кога во продажба излегол неговиот сингл „Бев пијан“ во 1972 година и стана најголем хит кој се емитувал на сите можни радио и ТВ станици, властите сватиле дека Шаулиќ брзо ќе ги помести музичките текови и правци. Гледајќи како неговата популарност вртоглаво расте меѓу народот, донесен е специјален декрет со кој се става забрана за емитување на музиката на Шабан.„Треба да се потсетиме на септември 1972 година, кога Тито упати писмо до Стане Доланц, една од најмоќните и најмрачни фигури во југословенската истрија, што беше вовед за пресметка со српските либерали. Во писмото се нашло место и за културата дел во кој Тито го критикувал форсирањето на кичот. Како последица на тоа имало многу репресивни акции во сферата на културата, од кои веројатно најпознат бил Конгресот на културна акција, одржан во Крагуевац. Воведени се даноци, јавно биле палени еротските списанија „Чик“ и Адам и Ева“, па дури и крими-романите станаа непожелни. Во програмата Радио Белград, значително е зголемено емитувањето на класичната музика, операта и слично. Во писмото особено е критикувана Телевизија Белград поради пропагирањето на кич, а за извесно време била спуштена рампа за секоја можност да се појават новокомпнирани народњаци. Можеби најмногу во негативна смисла тоа влијаело на пејачите како Шабан Шаулиќ, кој тогаш бил во подем во кариерата, а по тоа писмо, повеќе го немало на радијата и телевизиите.
Треба да се напомене дека споменатиот декрет бил на сила се до смртта на Јосип Броз во 1980 година, по што медиумите се повеќе и почесто можеле да ги кршат неразумните притисоци и цензури. Така Шабан конечно можел да се врати на радијата и телевизиите, иако тој веќе станал мегапопуларен затоа што на публиката никој не можел да и забрани да ја сака музиката која и се допаѓа.