(Видео) Лукашенко го прошета Путин низ градот Александрија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, и рускиот лидер, Владимир Путин, минаа неколку часа во неформален разговор за време на форумот меѓу Белорусија и Русија.

Лукашенко го покани Путин да го посети градот во кој претседателот на Белорусија ја поминал младоста. Се работи за градот Александрија, во рамки на Шклов во Могилевската Област.

По посетата на куќата во која Лукашенко пораснал, двајцата лидери се прошетале низ местото и ги посетиле локалните знаменитости.

Потоа го обиколиле локалниот извор, каде што пиеле кристално чиста вода, за која се верува дека има медицински квалитет.

Место луксузни автомобили, тие се возеле со автомобил GAZ-69 произведен во 1960 година. По туристичките тури, Путин бил поканет на ручек во куќата на Александар Лукашенко. На менито имало обични палачинки и палачинки од компир.

 

Scroll to Top