Славниот американски пејач Ашер Теренс Рејмонд, мора да плати оштета од 44 милиони долари, за украдена песна, пренесуваат странските медиуми.
Ашер една од неговите најдобри песни Bad Girl, која се најде на неговиот албум Confessions во 2004 година, ја украл од еден текстописец од Филаделфија, Даниел Марино.
Со овој албум, Ашер постигна рекордна продажба, со над 10 милиони продадени примероци, а доби и дијамантски статус.
Даниел на суд навел дека во 2001 и 2002 година, работел на песната Club Girl, и дека зад истата стои само неговото име како автор и продуцент.
Судењето почна во 2011 година, а адвокатот на Марино навел дека и по минати седум години и покрај се што минале, тој верувал во неговиот клиент и неговите тврдења.