Популарниот пејач Енрике Иглесијас во живо во емисијата „Понеделник наутро“, отворно призна дека практикува секс за време на доручек. Шпанскиот пејач отворено зборуваше за својот живот и откри интимни детели со поранешната тенисерка Ана Курникова.
„Твојот интимен живот е подобар од кога било?“, го прашала водителката.
„Мислиш повеќе секс од кога било? Тоа е она што го правам за доручек“, одговори Иглесијас по што ги насмеа сите во студиото.
Енрике и Ана во декември 2017 година ги добија близнаците Николас и Луси. Двојката се запозна во 2011 година за време на снимањето на спотот на Иглесијас „Бегство“.
„Чувството е неверојатно. Тоа ме промени. Сега возам побавно. Мислам на глупите работи кои ќе ги направам пред да ги повторам“, изјавил Иглесијас , објаснувајќи како се снаоѓа во улогата на татко.