Македонија е држава во која живее една од најнесреќните нации во светот

На мапата на нации направена во 2017 година, која открива кои земји се среќни, кои се помалку, а кои воопшто не се среќни, Македонската нација е ставена во третата листа.

Мапата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а многумина во јавност си го поставуваат прашањето за тоа која е најсреќната нација во светот.

Во медиумите своевремено се појавува информација дека граѓаните на Бутан се најсреќните луѓе на светот. Оваа мапа го дава одговорот за која земја има среќни жители.

Најмалку среќно население имаат државите на Балканот, како Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија.

Додека други држави, како на пример, Србија, Романија и Словенија се наоѓаат во малку подобра позиција и спаѓаат во групата на малку среќни земји.

Корисниците на Редит во коментарите пишуваат дека веројатно ова можеби е поради тоа кој со кого се граничи. Тие наведуваат дека можеби населението во Србија е посреќно само затоа што се оваа земја се граничи со Македонија, каде населението се смета за помалку среќно.

Кога говориме за останатите земји кои спаѓаат во групата на најсреќни, тука може да се споменат и Ирска, Германија, Данска, Норвешка, Шведска, Финска и други.

На пониските позиции од нив спаѓаат земјите кои се окарактеризирани само како среќни, а тоа се Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Италија, Русија и други.

 

 

 

 

Scroll to Top