Австриски суд ја прифатил тужбата на еден коцкар кој ја тужел компанијата за игра на среќа Novomatic, да му ги врати изгубените пари во висина 2,5 милиони евра.
Коцкарот во тужбата навел дека во Виена од 2002 година на автоматите во Novomatic уфрлил повеќе од два милиони евра. Според утврден извештај кој го направил психолог, тој пател од „ексесивна потреба за игра на среќа“, па оттука не можел да им оддолее на автоматите.
Судот ја прифатил оценката на експертите, а воедно оценил дека компанијата го прекршила закнот за игри на среќа, со тоа што нивните автомати примале и исфрлале големи количини на пари.
Пресудата не е правосилна затоа што од компанијата најавија дека ќе вложат жалба. Доколку повисокиот суд пресуди во корист на коцкарот, тоа би можело да има последици по компанијата која се занимава со производство на автомати за игра на среќа, како и по коцкарниците.
Од компанијата велат дека на овој начин сите ќе можат да се обидат да ги вратат изгубените влогови, тврдејќи дека се зависници од коцкање.