Морија изјавил дека се надева дека Ајако ќе се прилагоди на обичниот живот.
„Сакам да работиме заедно, рака под рака, да создадеме семејство исполнето со насмевки“, изјавил тој.
Ајако и нејзиниот младоженец биле ударна вест на сите јапонски и светски телевизии за време на венчавката во храмот. Свеченоста се одржала во една од зградите во храмот, каде што ги размениле прстените и поделиле чаша саке.
Невестата носела традиционални комбинации и медиумите пишуваат дека не ја тргала насмевката од лицето и на новинарите им рекла дека е многу среќна. Таа се простила од царот Акихита минатата недела.
Во понеделникот изјавила дека сака да продолжи да му помага на царот и царицата како поранешен член на кралското семејство.
Најстарата внука на царот исто така треба да се омажи за човек кој не е член на кралското семејство, а свадбата треба да се одржи во 2020 година.
Ајако и Морија се запознале преку нивните мајки, кои биле добри пријателки. Истакнале дека тоа било љубов на прв поглед. Младоженецот изјавил дека нежниот дух на Ајако бил тој што го привлекол. Изјавил дека сакал да го мине остатокот од животот со неа.
Таткото на принцезата Ајако, покојниот принц Такамадо, починал во 2002 година.