Двајца осуденици кои чекале на извршување смртна казна се пронајдени мртви во своите затворски ќелии, соопштија во понеделникот официјални лица од калифорнискиот затвор.
Од затворот велат дека е отворена истрага за да се потврди дека станува збор за самоубиства.
Ендру Урдијалес, 54-годишен сериски убиец, е пронајден без свест во својата ќелија во петокот вечерта во затворот „Сан Квентин“. Лекарите не успеале да го реанимираат.
Поранешниот припадник на војската на САД е осуден на смртна казна во октомври, поради убиство на пет жени во периодот меѓу 1986 и 1995 година.
Во неделата Виренда Говин (51) исто така е осуден на смртна казна за четрикратно убиство што го сторил во 2004 година. Тој е пронајден мртов во својата ќелија во истата затворска установа.
Тој на извршување на смртната казна чекал од 2005 година.