Поранешната пејачка на групата „Министарке“, Едита Арадиновиќ, по тригодишна врска првпат објави фотографии со својето момче Стефан. Таа сликите ги сподели со своите следбеници на Инстаграм како „инстаграм-приказни“, слики што исчезнуваат по 24 часа.
Едита во едно скорешно интервју рече дека медиумите со години пишуваат дека таа е во врска со Огнен, но дека нејзиното момче е Стефан.
„Воопшто не ми е јасно зошто го викаат Огнен. Никој не ме прашал како се вика, па еве, сега знаете дека е Стефан“, рекла таа.