Поранешниот ирачки лидер, Садам Хусеин, бил оженет со својата братучетка Сајида Талафах. Првата сопруга на диктаторот била ќерка на еден од неговите вујковци. По неговата смрт, никој не знае што се случило со неа.
Венчавката меѓу Садам и Сајида била договорена однапред кога имале само 10 години од страна на нивните родители. Договорените бракови во муслиманските земји се дел од обичаите што често се почитуваат и денеска.
Двојката се венчала во 1963 година. Точниот датум не е познат, а во бракот добиле пет деца – Удај, Кусај, Рагад, Рана и Хала. Сајида била учителка пред да се омажи за Хусеин, а по венчавката, уживала во положбата што ѝ ја донел бракот со високопозиционирано ирачко владејачко лице.
Сајида Талфах носела облека од познати европски дизајнери, поседувала скапоцен накити била русокоса. Жената што ја познавала првата дама на Ирак сведочела дека Сајида многу сакала да има бел тен, па на лицето ставала големи количини пудра. Изгледала како некој да ѝ фрлил брашно во лицето.
Sajida Talfah (Saddam Hüseyin’in eşi)
Doğum Y.: Irak
Doğum T.: 1937
Eşi: Saddam Hüseyinhttps://t.co/kVrtEweZb9 pic.twitter.com/TDuQnZEEOC— XKimdir (@xkimdircom) February 5, 2017
Трговци во Багдад наводно стравувале од жената на Садам затоа што ретко плаќала целосна цена за земената стока и покрај големото богатство што било украдено од ирачкиот народ.
Други тврдат дека и таа, како и нејзиниот сопруг, била многу насилна. Жената што рабтела кај неа дома како куќна помошничка ја опишала како крута жена, која ја малтретирала својата послуга. Нејзиното куче, кое ја каснало, го казнила оставајќи го по цел ден на сонце без вода.
Saddam Hussein with his wife Sajida Talfah, 1960s. pic.twitter.com/S3KhYgg8cT
— freehand (@freehandmeister) August 18, 2017
Садам бил многу внимателен кога станувало збор за впечатокот што сакал да го остави во јавноста. Кога давал интервју во 1978 година, изјавил дека во бракот најважно му било мажот никогаш да не допушти жената да се чувствува осамена и напуштена.
Се разбира, како и повеќето изјави на Садам, и оваа била маска за надворешниот свет. Шпекулациите дека диктаторот има многубројни љубовници не биле тајна. Една од нив имала посебно место во неговото срце, а го нарекла Самир Сахбандар. Фактот дека Хусеин веќе бил во брак, не го спречило тајно да се венча со неа во 1986 година.
Raghad Saddam Hussein denies reports said earlier that her mother Sajida Talfah
had died “she is in a good health” pic.twitter.com/2RndnQ91Wd— Zaid Benjamin (@zaidbenjamin) August 14, 2015