Светски познатиот моден дизајнер Кензо Такада креира два парфема за козметичката компанија „Авон“, Avon Life Color за неа и него. Ова е вторпат компанијата и светскиот познат моден дизајнер да работат заедно по 2016 година кога го промовираа мирисот Avon Life.
Новиот парфем Avon Life Colour е креиран во соработка со двајцата најдобри светски парфимеристи, Френк Воекл и Оливие Кресп. Кензо ги избрал состојките како да слика уметничко дело. Главната состојка и за машкиот и за женскиот мирис е магнолијата, која ја избрал поради елегантната нота што асоцира на јасмин.
„Една од моите најголеми инспирации отсекогаш била моќта на боите. Тие се универзален јазик што повеќето од нас инстинктивно го разбираат и имаат големо влијание врз тоа како се чувствуваме“, вели Кензо. „Светот е исполнет со бои и оваа прекрасна соработка со ‘Авон’ ми дозволи да го уловам во мирис разнобојниот дух што е внатре во сите нас“, додава тој.