Библиотека на Менхетен, изнајмува ташни и кравати за интервју за работа

Од август годинава членовите на библиотека во Њујорк, на Менхетен, можат да позајмуваат деловни рачни торби и ташни во неутрални бои, но и еднобојни или пругасти кравати.

Јавните библиотеки веќе одамна на своите членови им изнајмуваат многу повеќе работи од книгите. Од ДВД преку цедиња па се до бесплатна употреба на компјутерите.

Од неодамна сите кои се подготвуваат за интервју за работа, во Њујорк можат да позајмат кравати и актовка во Њујоршката јавна библиотека.

Библиотекарката Мишел Ли дошла до оваа замисла откако во повеќе наврати некои од помладите членови на библиотеката, дознала дека немаат соодветни модни додатоци за одење на интервју за работа.

„Засега не размислуваме да ја прошириме оваа оваа пилот програма, но очигледно постои потреба за ваков вид на услуга“, рекла Ли за „Њујорк тајмс“.

„Се надевам дека ќе можам да дојдам до што е можно повеќе млади луѓе, кои ќе ја искористат нашата понуда и дека по еден од таквите разговори ќе успеат да ја добијат посакуваната работа или првото стажирање“, изјавила Ли.

 

 

Scroll to Top