Петгодишното момче од Чеченија Рахим Куријев стана светска ѕвезда откако успеа да направи 4105 склекови за два часа и 26 минути.
Како што пишуваат светските медиуми, Рахим ќе продолжел со изведбата на склековите, но бил запрен од страна на неговиот татко. Лекарите утврдиле дека неверојатниот број склекови не бил штетен за момчето.
Рахим покажал дека е во одлична физичка и здравствена состојба. Момчето не можело да биде незабележано од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, голем љубител на боречки спортови и физички активности.
Кадиров одлучил да го награди Рахим и неговиот татко со клучеви од нов „мерцедес“ C-класа.
„Мерцедесот“ е подарок од хуманитарната фондација на чие чело се наоѓа мајката на Рамазан, Ајмани, а организацијата го носи името на неговиот татко Акхмат Кадиров.