Рецепт за домашно топло чоколадо

 

Потребно:

-150 грама чоколадо со 60% какао

– 200 милилитри полномасно млеко

– 200 милилитри слатка павлака

– 1 лажичка кафен шеќер

– Прстофат сол

– Прстофат цимет

 

Начин на подготовка:

 

Исечкајте ја чоколадата на ситни парчиња. Млекото и павлаката измешајте ги во тенџере, па ставете ги да се варат на тивок оган. Штом смесата почне да врие, додајте ги парчињата чоколадо и мешајте додека не добиете густа кремаста смеса. Убаво мешајте ја смесата за да нема топчиња.

На крај додајте прстофат сол за поинтензивен вкус на чоколадата и малку цимет.

Scroll to Top