Google Earth сними подводен ѕид кој се протега по дното на Тихиот океан и Атланскиот океан и кој ја опкружува нашата планета. Истражувачите тврдат дека станува збор за ѕид долг 10.000 километри.
Овој ѕид најасно се гледа во близина на брегот на мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија. Координатите се 12°8’1.5″N, 119°35’26.4″W. Исто така за него се смета дека не станува збор за природен феномен.
Експертите велат дека ѕидот бил изграден, но не се сигурни дали станува збор за човечка креација или некој друг напреден вид.
Пред неколку години момче забележило слично вакво издание кај брегот на Мексико. Објекотот имал пирамидална структура и на почетокот се мислело дека станува збор за дело направено од старата цивилизација Маите.
Набрзо потоа се појавиле тврдења дека пирамидата била изградена од цивилизација која живеела пред Маите. Скептиците велат дека треба да се биде внимателен, затоа што теоретичарите на заговор и НЛО ентузијастите често на снимките на Google Earth наоѓаат докази за нивните убедувања.