Домот на легендарната соул-пејачка Арета Френклин во Детроит се продаде за 300 илјади долари на непознат купувач. Куќата изградена во 1927 година Френклин ја купила во 1993 година. Има пет спални соби, шест бањи и три гаражи.
Уште еден дом на Френклин се продава за 800 илјади долари. Таа куќа се наоѓа надвор од Детроит и таму пејачката живееше последните дваесет години.
Арета Френклин почина летово од рак, но не остави тестамент.