(Видео) Како би изгледал Берлин под замисла на Хитлер?

Адолф Хитлер заедно со неговиот штитеник Алберт Шпер на почетокот на 1937 година почнале проект за изградба на еден поинаков Берлин кој би требало да има големи нацистички зданија што би го заплашиле светот.

Направена е огромна макета, а големи делови на Берлин биле отстранети. Планот го осмислиле за време на холокаустот. Хитлер во својата нацистичка дистопија сакал да го нарече Welthauptstadt Germania.

Во теорија градот требало да биде завршен до 1950 година. Шпер го ипмпресионирал Хитлер со својата работа во Нирнберг, каде што намерно ја реинтерпретирал класичната архитектура.

Идејата на Хитлер била да ги земе предвид сите монументални згради, булевари или скулптури кои Европа ги има и да направи нивна копија, само неколкупати поголема.

Повеќето од тие градежни изданија би биле долги и по седум километри, а требало да ја илустрираат големината и моќта на нацистичка Германија. На југот би се наоѓала триумфална капија, иста како париската, само шестпати поголема. На север би се отворил булевар за паради, кои би се одвивале до големата Хитлерова палата.

Палатата на Хитлер била инспирирана од елегантната базилка Свети Петар, но требало да биде многу поголема. Просториите биле замислени на 99.000 квадратни метри, а потребни биле 200.000 тони материјал за нивно производство. Тоа би бил центарот на нацистичкиот култ, срцето на велеградот и најголема затворена зграда на светот, која би можела да прими 180.000 луѓе.
На десет километри од центарот бил направен стадионот за Олимпијадата што се одржувала во 1936 година. Хитлер имал во план да го направи сличен на римскиот Колосеум, само 200 метри подолг. По успехот на Игрите, Хитлер заклучил дека му е потребна уште поголема арена.

Остатокот од Берлин би бил премрежен со патишта, железници, тунели и простори за живеење. Самата околина не би била добра за жителите, кои во градот морале да се движат низ компликувани тунели под земја за да не ја нарушат убавината на надворешниот изглед.

 

Планот бил со земја да бидат срамнети големи квартови во Берлин и да бидат одземени преку 60.000 станови, а повеќе од 100.000 Германци да останат без покрив над главата. Од Евреите биле одземени 25.000 станови. Биле исфрлени и испратени во логори. Нивните домови биле искористени за Германците кои биле бездомници.

Хитлер имал и свои внатрешни критичари. Соработникот на Шпер, Ханс Стефан, сметал дека сите овие планови се во контраст со историјата и културата на Германија и затоа се навредливи.

Изградбата забавувала како што војната напредувала. Шпер бил убеден во нацистичката победа, па дури на моменти се радувал кога Берлин за време на бомбардирањето бил срамнет со земја.

За разлика од Хитлер, којшто извршил самоубиство, Шпер се спасил од смртна казна. Тој изјавил дека не знаел за холокаустот по што добил само затворска казна. Следните 20 години ги минал во затворот во Шпандау.

Scroll to Top