(Фото) Навивачи на АЕК фрлиле молотов коктел кон фановите на Ајакс

На вчерашниот меч од 5. коло во групната фаза во Лига на шампиони навивачките групи меѓу АЕК и Ајакс влегоа во конфликт. Од двете страни биле фрлани факели, а во еден момент навивачите на АЕК фрлиле и молотов коктел кон холандските навивачи. За среќа, заштитната ограда ја ублажила експлозијата и избегнати се жртви.

На фотографиите што се појавија на социјалните мрежи се гледа големиот број претепани и раскрвавени фанови. Инцидентот добил уште повеќе на тежина затоа што се случил на официјален меч кој бил организиран во рамки на УЕФА.

Останува да се види дали УЕФА ќе биде толерантна на политичките пароли, факелите и пиротехниката и ќе се заврши со поблаги казни или овој ицндент ќе биде соодветно разрешен.

Како отежнувачка околност за двете страни во евентуалниот процес кој веројатно ќе биде отворен е тоа што уште еден инцидент се случи ден претходно, во кој навивачи на Ајакс влегле во простории на навивачите на АЕК, каде што дошло до жестоки тепачки.

 

Scroll to Top