Светски познатата пејачка Шер неодамна во интервју изјави дека иако има 72 години, се чувствува како тинејџерка. Таа додала дека постојано вежба, дека е енергична и дека ужива во животот како никогаш досега.
„И понатаму се чувствувам како дете, можеби тоа му помага на целиот мој изглед. Не сум инфантилна, но едноставно не се сметам себеси за возрасна личност“, рекла Шер.
Таа открила дека ни своите пријатели не ги смета за возрасни, а дека нејзината душа е и понатаму многу млада.
„Сакам колачи и бонбони, но морам да се ограничам затоа што морам да влезам во костумите на настапите, па внимавам што јадам. Не сум многу одушевена од тоа, но тоа мора да биде така. Кога имав 40 години, не морав да пазам, но сега морам и сакам, зашто живееме во суров свет“, кажала пејачката која се проалави уште во 1960те години.