Потребно: 1 пакување кори за пита
1 л. јогурт
4 јајца
пола шолја масло
пола кесе прашок за пециво
1 лажиче сол
Подготовка :
Се мешаат во сад сите состојки освен корите.
Во плех со масло се ставаат две кори, па три лажици прелив, па една кора, па три лажици прелив, и така по ред додека има кори и фил.
Се става прелив и одозгора на последната кора.
Се пече на 200 степени 30-40 минути.