Измислен тест кој за 10 минути може да покаже дали имате рак

Научниците од универзитетот во Квинсленд во Австралија, успеале да направат универзален тест кој може да ја открие болеста во крвотокот кај пациентите за многу кратко време. Тестот е едноставен и евтин.

Научниците користат течност која ја менува бојата, доколку се забележи присуство на малигни клетки во телото. Резултатите се видливи по само десет минути. Научниците велат дека биопсијата сега може да стане минато.

Иако тестот сеуште е во рана  фаза на развој, неговото користење значително може да ја олесни работата на лекарите во откривањето на карцином во телото. Резултатите се забележливи уште по првиот преглед.

„Големата предност на овој тест е тоа што е евтин и многу едноставен, па може брзо да се примени низ болниците во светот“, вели Лаура Караскова од универзитетот Квинсленд.

Тестот е успешен во 90% од случаите. Истражувачите нагласуваат дека овој тест може само да открие дали пациентот има рак, додека потребни се дополнителните анализи да се утврди за каков тип на рак станува збор.

 

Scroll to Top