Граѓаните на Вашингтон синоќа се простија од 41. претседател на Америка Џорџ Буш постариот. Меморијалната служба се случи во Националната катедра во Вашингтон, каде присуствуваа најголемите американски официјални лица и светски лидери.
Медиумите го снимија моментот кога Буш помладиот се поздравуваше со поранешните и сегашен претседател и првата дама, а во еден момент од џебот извади чоколадо кое ѝ го даде на Мишел Обама.
Сопругата на Обама во една од последните средби со Буш постариот, исто така доби чоколадо, па се претпоставува дека Џорџ Буш помладиот на церемонијата сакал да го повтори гестот на неговиот татко.
По почесните истрели пред Капитол, погребната поворка со ковчегот на Џорџ Херберт Вокер Буш, минала низ центарот на Вашингтон, од Капитол Хил до Националната катедрала.
На церемонијата на испраќање меѓу останатите присуствувале сегашниот претседател на Америка и неговата сопруга, Доналд и Меланија Трамп, како и поранешните претседатели со нивните сопруги, Бил и Хилари Клинтон и Барак и Мишел Обама.