Некои од руските астронаути заговараат дека дупките што се појавиле во руската вселенска капсула „Сојуз“ е дело на нивните американски колеги додека лабораторијата била поврзана со Меѓународната вселенска станица.
Руските астронаути ги обвинија своите колеги за саботажа, но велат дека ќе се обидат официјално да ја откријат причината за настанатиот проблем. Тие имаат намера да ја прегледаат и целосно санираат штетата.
Во план имаат да земат примероци од местото каде што настанале дупките. Руските официјални служби негираат дека станува збор за каква било саботажа ѝ сметаат дека дупките веројатно настанале случајно.
Официјалните извештаи говорат дека дупките настанале за време на работењето со дупчалки во вселената.
Русите упеале брзо да го спречат истекнувањето на кислородот од руската капсула „Сојуз“. Претходно поради истекувањето на кислородот се намалил и притисокот во летачката лабораторија.
Официјалните руски служби соопштиле дека сега е безбедно за руските астронаути да бидат во капсулата. Сепак, до денес останува прашањето која е причината за појавата на оваа дупка.
Рускиот космонаут Олег Кононенко и Сергеј Прокопев ќе имаат шестчасовна прошетка низ надворешната површина на „Сојуз“. За време на нивната мисија тие треба да земат примероци кои ќе ги најдат на местото на дупката и ќе ги однесат на анализа, пренесува „Индепендент“.
Кононенко, изјавил дека ваквата мисија ќе биде страшен напор.
„Ќе биде психички и физички предизвик“, вели Кононенко.
Генералниот директор на „Роскомос“, Дмитириј Рогозин, изјавил дека штетата најверојатно била предизвикана од влијанието на микрометеорит и дека специјална комисија работи на откривање на причината за дупката.
Рогозин ги демантирал медиумите кои пренеле дека тој ги смета Американците одговорни за настанатиот проблем ѝ истакнал дека во прашање е само медиумски спин.