Србија по вторпат стана членка на Европската организација на нуклеарно истражување ЦЕРН. Ваквата одлука беше донесена со едногласно усвојување на резолуцијата на Советот на оваа организација во Женева.
Покрај Израел, Швајцарија и Норвешка, Србија е четвртата земја која не е членка на ЕУ, а е полноправна членка на оваа престижна научна организација. Србија стана полноправна членка и покрај тоа што не сите членки на ЕУ имаат пристапено кон оваа организација.
Словенија е една од земјите со постојано членство и има статус на придружен член, каков што претходно имала и Србија. Ова членство, како што е наведено од Кабинетот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, им овозможува на студентите и професорите да работат на истражувања од светско ниво во Србија.
At its 191st Session, the CERN Council unanimously decided to admit Serbia as the 23rd CERN Member State.
Serbia’s Membership will become effective upon completion of the related accession and notification procedures.https://t.co/0PyGORSD2R pic.twitter.com/BuSmVbr2R3— CERNpress (@CERNpress) December 14, 2018
Покрај зголемениот квалитет на научните истражувања, пристапот до најнова научна опрема и технологија, како и пренесувањето на искуствата и знаењата, членството во ЦЕРН влијае и на спречување на заминувањето на образованите млади луѓе од Србија.
„Српската економија има значителна корист од ова членство. Нашите компании сега во голема мера ќе имаат можност да учествуваат во сите тендери што ги распишува ЦЕРН и на тој начин рамноправно да се натпреваруваат со светските успешни компании“, е наведено од Кабинетот на премиерката.