Потребни состојки:
1/2 лажичка маслиново масло
1 чешне лук
1/2 килограм печурки
зачини: сол, црвена пиперка, куркума, бибер, чили (по желба)
2 тортиљи
зеленчук: домат, зелка, пиперка
Начин на подготовка:
Исчистете ги и исечете ги печурките на тенки парчиња. На тава загрејте го маслото и додајте го лукот. Кога ќе поприми жолтеникава боја, додадете ги печурките и посолете, а потоа и останатите зачини. Пржете ги печурките околу десетина минути додека не пуштат вода. Додека печурките се крчкаат, исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња, па додајте го во тавата, добро промешајте и гответе уште 2-3 минути. Наполнете ги тортиљите со готовата смеса. Послужете ги топли.