Потребни состојки:
За тестото:
170 г путер
50 г шеќер во прав
70 г мелени бадеми
270 г меко брашно
2 кесички ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Замесете го тестото од наведените состојки, завиткајте го во фолија и оставете го барем 1 час во фриждерот (може да стои и подолго). Загрејте ја рерната на 175 степени. Обликувајте кифлички и печете околу 10 минути. Треба да останат бели. Испечените кифлички поросете ги со шеќер во прав помешан со ванилин шеќер. Послужете ги откако ќе остинат.