Баклава со ореви и чоколадо

Потребни состојки:

12 кори за баклава
300 гр мелени ореви
150 гр посно чоколадо, изрендано
6 лажици гриз
150 мл масло
5 лажици шеќер
околу 150 мл вода

за шербетот:
700 мл вода
600 гр шеќер

и уште:
масло и вода за премачкување на корите (заедно околу 100 мл)

Начин на подготовка:

Прво направете го шербетот. Во сад на рингла ставете ги да се варат шеќерот и водата околу 15 минути. Треба да се добиете густ шербет. Оставете да се излади. Во посебен сад измешајте ги сите состојки за баклавата. Додадете ги и водата и маслото и убаво измешајте. Ставете ја првата кора и премачкајте ја со измешаните вода и масло (околу 100 мл). Одозгора ставете ја втората кора и таа исто намачкајте ја, но помалку. На едниот крај ставете 1/6 од филот. Малку свиткајте ги навнатре краевите на корите за да не излезе филот додека ја печете баклавата. Замотајте ги корите како ролат. Истата постапка повторете ја со останатите кори.

Наредете ги корите во намастена тава и ставете да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени додека да добие златно-жолта боја. Извадете ја баклавата од рерна и прелијте ја со изладениот шербет. Оставете убаво да се излади и да го впие шербетот. Исечете ја на парчиња и послужете ја.

Scroll to Top