Потребни состојки:
500-600 грама брашно
150 грама маргарин
50 грама маст
4 јајца
200 милилитри јогурт
кора од лимон
1 прашок за печиво
150 грама шеќер
100 грама шеќер во прав
1 ванилин шеќер
За филот
700 грама кисели јаболка
2 банани
50 грама млечно чоколадо
100 грама мелени ореви
Цимет
Изматете го маргаринот и маста со шеќер во прав, додајте ванилин шеќер, кора од лимон и јајца па повторно изматете со миксер.
Во чинија ставете брашно, додајте јогурт и изматениот маргарин. Додајте го остатокот од брашното со прашокот за печиво и замесете тесто.
Развлечете потенко тесто и направете крофни. Обложете го дното на калапот за мафини со една крофничка. Изрендајте ги јаболката, додајте шеќер и цимер. Исечете ја бананата на кругови.
Полнете ги мафините со ренданите јаболка што сте ги исцедиле малку, ставете озгора круг од банана и половина коцка млечно чоколадо.
Покријте ја крофната со другиот дел од тестото, па со прсти притиснете ги рабовите. Вклучете ја рерната на 200 степени Целзиусови и печете 40 минути. Наросете ги испечените мафини со шеќер во прав.