Џони Деп барал 78 милиони евра за улогата на Џек Спероу

Џони Деп од Џек Спероу направи бренд. Тој на сетот станал тој лик. Ја дал душата за тој филм, велат од „Дизни“, откако ја потврдија веста дека го исфрлиле холивудскиот актер од „Пиратите од Карибите“.

Уште во октомври медиумите објавија дека „Дизни“ одлучил да го исфрли Џони Деп од „Пиратите од Карибите“, а минатиот месец оваа одлука ја потврдија и шефовите нд филмската продукција на „Дизни“. Причината поради која Деп е исфрлен не е наведена, но медиумите сега излегоа со податоци за новите бројки од заработката, откако него ќе го нема во главната улога во филмот.

„Неговата отсутност ни го олесна буџетот за повеќе од 78 милиони евра, колку што чини неговиот ангажман за улогата на Џек Спероу“, вели бизнис магазинот Forbes.

Првиот филм на „Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер“ се појави на малите екрани на 2003 година и заработи повеќе од половина милијарда евра. Деп тогаш беше номиниран за Оскар за најдобар актер за улогата на Џек Спероу.

„Џони Деп направи бренд од ликот на Џек Спероу. Ја даде душата за овој филм“, објасниле од „Дизни“. По првиот дел од снимањето, следуваа уште четири продолженија кои вкупно заработија 4 милијарди евра. Но, кога режисерите го претставија и шестото продолжение од пиратската сага, „Пиратите од Карибите: Мртвата уста не зборува“, наидоа на негативни критики.

„Не успеавме да ги согласиме финансиите. Трошоците беа поголеми од приходите и поради тоа не беше можно да се снима“, вели режисерот.

Многумина не се согласуваат со одлуката на режисерот да го исфрли главниот актер Џони Деп, а уште повеќе ги шокирала веста дека Џек Сперои може да го претворат во жена.

 

Scroll to Top