Природата сојузник на дишните патишта

Респираторните болести се шират по капков пат, т.е. воздухот. Влезна врата се дишните патишта, поточно устата и носот. Во ладните денови поголема е веројатноста за престој во затворени простории, а со тоа има можност за развивање на вирусите, бактериите или некои други микроорганизми. Поради тоа, и респираторните инфекции се најчести и најмасовни кај луѓето. Превенцијата првенствено се сведува на проветрување, избегнување масовни собири и многу напор, како и долг престој на ладно, земање повеќе течности и витамини.

Препаратот на Super Diet за респираторен комфор, кој во својот состав ги има најдобрите компоненти – евкалиптус, мајчина душичка, рузмарин и слез – добро ги превенира и дава поддршка при настинки и вируси, кои се чести во овој период од годината.

Евкалиптус

Испарливите масла во листовите на евкалиптусот ја стимулираат циркулацијата и протокот на крвтa во кожата предизвикува потење. Така, отровните материи од телото се чистат и ја ублажуваат зголемената температура. Особено е погодно при респираторни инфекции, бронхитис и астма така што го олеснува дишењето и искашлувањето.

Мајчина душичка

Лековитите состојки на мајчината душичка се наоѓаат во нејзините листови и цветови. Таа е јак антисептик и антимикотик и затоа се користи за третман на сите видови инфекции – вирусни, бактериски, габични.  Помага во искашлувањето на секретот од белите дробови и во намалувањето на  болката во градите. Токму поради ова, се употребува при лекување воспаление на дишните патишта и на белите дробови – бронхитис, бронхопневмонија, бронхијална астма, ларингит.

Рузмарин

Едни од најпознатите, интересни и уникатни здравствени приодобивки од рузмаринот вклучуваат способност за зајакнување на меморијата, подобрување на расположението, намалување на воспалениjата, ублажување на болката, заштита на имунолошкиот систем, детоксикација на телото, штити од бактериски инфекции, спречува предвремено стареење и ја подобрува кожата, значи придонесува за нормална функција на одбранбениот систем. Активните компоненти на рузмаринот се антиоксидансни, антивоспалителни и антиканцерогени. Тоа претставува дирекна заштита од разни патогени болести кои може да го загрозат имунолошкиот систем.

Слез

За слезот се вели дека лек е слузницата и дишните патишта. Лековити својства имаат коренот, листот и цветот. Слезот се користи за лекување настинки, бронхитис, олеснување на искашлувањето, цревни болести, проблеми со мочните патишта, бубрезите итн. Слезот е вистински борец против вирусите и настинките и го зголемува имунитетот.

Scroll to Top