Американската Централна известувачка агенција ЦИА, објавила во британскиот неделник „Економист“ оглас за работа, во кој бара лица со високоефикасни, патриотски, професионални, разнолики вештини со опсежно потекло и различни животни искуства.
Успешните кандидати треба да му послужат на САД во спроведувањето на мисиите на Агенцијата во првата линија на одбрана на нацијата.
„Заинтересирани сме за кандидати кои се достапни за целосно работно време, дел од работното време и консултантски можности како за земјата, така и за во странство“, пишува во огласот.
Во огласот е наведено дека се бараат интелектуално љубопитни авантуристи кои бараат неспоредлива меѓународна можност од високо влијание.
„Ние нудиме начин на живот кои ги изразува најдлабоките извори на инелект, издржливост и расудување на индивидуите. Потеклото не е неопходно. Бараме кандидати со искуство во бизнисот, претприемништвото, продажбата, маркетингот, недвижностите и управување со проектите исто така е пожелно“, е наведено во текстот.
Во огласот стои дека пожелните кандидати треба да поседуваат државјанство на САД, двојно државјанство на САД или статус на жител со законско постојано престојувалиште (Lawful Permanent Resident – LPR) во САД, како и три или повеќе години со меѓународно искуство.
Се бараат и лица со вештини и познанства на странски јазици, способност за успешно минати медицински и безбедносни тестови, а исто така лицаат мораат и физички да се наоѓаат во САД, за да можат да се пријават.
Во описот стои дека платата не е назначена и дека огласот е објавен на 10 јануари 2019 година, а ќе трае до 14 јануари 2020 година. Наведена е и адресата каде кандидатите можат да ги поднесат апликациите.