Седумдесет годишен пензионер од местото Копривница во Хрватска, со помош на магнет успеал да го забави гасомерот во својот двор и за година дена да заштеди околу 4000 евра.
Сепак, полицијата со претпријатието „Копривница плин“ ја откриле измамата, па го привеле старецот, против кого е поднесена и кривична пријава.
Пензионерот се терети дека од 1 јануари до 31 декември 2018 година, го оштетил јавното претпријатие за околу 4000 евра, пишува порталот Подравски.хр.
Како што наведува порталот, станува збор за досега невиден метод на крадење на гас во ова подрачје. Седумдесетгодишниот пензионер го ставил големиот магнет на гасното броило. Тоа значително ја забавило работата на тој мерен уред и не ја покажувала реалната потрошувачка на гас.