Фејсбук вложува 300 милиони долари за развој на новинарството

Раководните лица во Фејсбук се решија во блиска иднина да вложат 300 милиони долари во новинарството со цел да допринесат за подобар квалитет на вестите кои се објавуваат на оваа социјална мрежа.

Во план е во наредните три години да бидат вложени 300 милиони долари во локални медиуми, но парите да се пренаменат и за други програми. Парите пред се ќе бидат наменети за новинарите кои пишуваат вести од терен и кои имаат основен проблем со финансирањето на медиумите во кои работат.

Со појавата на дигиталните медиуми, новинарството во изминатата деценија доживува значителни промени. Во земјите во транзиција, или земји кои штотуку излегле од неа, новинарската професија се сведува на ниски гранки.

Тоа е поради кризата на идентитетот на таквите нации, скратената слобода на медиумите и начинот на кои истите се финансираат. Многумина познавачи на приликите во оваа професија, тврдат дека новинарството е во криза и на глобално ниво. Поради проблемот со порталоте масовно исчезнуваат голем дел од локалните медиуми.

Фејсбук вложува во новинарството за да може на локалните медиуми им овозможи да развијат модел на претплата. На овој начин тие ќе можат да го развијат своето делување, кое во иднина треба да им донесе приходи. Тука се се разбира и финансиите и инвестициите во непрофитните медиуми.

Овој потег доаѓа во време кога интернетот е преплавен со непроверени вести, меѓу кои во голем број станува збор и за лажни вести.

Фејсбук вложува во новинарството за да ја зголеми улогата на локалните вести

Фејсбук за многумина е главен извор на информации, а често во последно време се наоѓа на удар поради лошото филтрирање на содржините. Тоа сигурно е една од причините зошто парите се вложуваат во едукација за извршување на новинарството.

Компанијата се надева дека на овој начин ќе се подигне квалитетот на информирање, затоа што новинарството е во криза. Кембел Браун, директорот на Фејсбук за глобално партнерство за вести, потврдил дека компанијата не може да го промени интернетот.

Фејсбук сака да соработува со новинарите за да помогне да остварат успех на социјалните мрежи, но и надвор од нив. Браун истакнал дека една од целите е да им помогне на медиумите да ја намалат нивната зависност од Фејсбук.

Најпопуларната социјална мрежа ги тестира начините на кои би ја зголемила видливоста на локалните вести за кои би биле заинтересирани корисниците. Фејсбук работи на ова поле и поради лошата репутација која ја стекна по американските претседателски избори и злоупотребата на податоците на корисниците.

 

 

Scroll to Top