Во јуни минатата година режисерот Нил Бломкамп за првпат најавил дека ќе снима продолжението на „Робокап“ од оригиналната верзија на филмот на Пол Верхоевен. Сценариото пред неколку години почнале да го пишуваат творците на оригиналот, Ед Нојмајер и Мајкл Мајнер.
Во разговор за магазинот HN Еntertainment, Ед потврдил дека Бломкамп го сакал актеорт Питер Велер, кој глуми во оригиналната верзија на филмот на режисерот Пол Верхоевен.
Велер глумеше и во првиот дел во филмот, но и во продолжението од 1990 година „Робокап 2“. И покрај големиот број на критики, филмот сепак на крајот стана акционен класик.
Сепак, Велер подоцна не се врати во главната улога во продолженијата на филмот.
„Разговаравме за продолжението уште пред неколку години и ги потсетив од MGM дека направивме груба скица на продолжението уште во 1988 година, која истата година ја стопиравме. Ја прегледаа и рекоа дека е добра, така што продолживме да работиме на тоа.
Тогаш грубата скица ја погледна и Нил Бломкамп и ни кажа дека отсекогаш посакувал да снима по терк на оригиналната верзија на Робокап. Дека тоа му било сон“, изјавил Нојмаер.
„Идејата на Бломкамп е дека треба да биде вистински филм на Верхоевен, како тој да го режирал веднаш по ‘Робокап’. Мислам дека тој се обидува да го постигне тоа ѝ се надевам дека ќе успее. Ќе видиме што ќе биде“, додал Нојмаер.
MGM засега нема прецизен датум на снимање и датум на излегување на премиерата на филмот.