Четири лица загинале, додека двајца се повредени, откако туристички авион се судри со хеликоптер во Аостинската Долина на Алпите, пренесува агенцијата Afaritaliani.
Најмалку шестмина имало во хеликоптерот и авионот, кои паднале во близина на глечерот Рутор. Ова го изјавил претставник од локалните служби за вонредни ситации за „Спутник“. Туристичкиот авион и хеликоптерот летале на околу 10.000 стапки во моментот на падот.
Хеликоптерот со членови од спасувачкиот алпски тим и медицински персонал, веднаш биле упатени на местото на инцидентот. Потрагата по преживеаните е во тек.
#ValledAosta, ghiacciaio del #Rutor: le prime immagini video del #SoccorsoAlpino dal luogo dell’incidente. Seguono aggiornamenti. pic.twitter.com/tbZ2eXigET
— Corpo Nazionale Soccorso Alpino e Speleologico (@cnsas_official) January 25, 2019